Старлетата Ава Карабатиќ доби повеќе гласови и од министерката за култура во Хрватска: Да сме живи и здрави!

Ава Карабатиќ /Фото: Принтскрин/Инстаграм

Старлетата и поранешна учесничка во реални шоуа Ава Карабатиќ се кандидираше за парламентарните избори во Хрватска, а според последните резултати освоила повеќе гласови од министерката за култура Нина Обуљен Коржинек.

Граѓаните го избираа новиот состав на парламентот, а како што пишуваат хрватските медиуми, Карабатиќ добила 464 гласа, а министерката за култура 364 гласа.

Ава ја претставила својата програма, па нагласила дека ќе се бори за легализација на проституцијата и марихуаната, воведување сексуално образование во училиштата, но и хемиска кастрација на силувачите на малолетни деца и на педофилите.

Ава, инаку, резултатите од изборите ги следела во Загреб.

– Да сме живи и здрави – изјавила Ава за хрватските медиуми, пренесува „24сата.хр“.

– Не сум разочарана, во ниту еден момент не се продадов или купив. Верувам дека работите сè уште можат да се променат, надежта последна умира – рекла Карабатиќ.

– Минатата година во ова време бев дома во алкохолизирана состојба. Ова е голем успех за мене и мојот мал тим од големи луѓе, би рекол Масимо – нагласила таа и им честитала на сите за резултатите.

Да потсетиме, Ава неодамна се кандидираше за парламентарни избори во Хрватска, а потоа доживеа многу непријатна ситуација.

Ава се огласи на социјалните мрежи тврдејќи дека некој ѝ подметнал видео за возрасни пред изборите и дека тоа не е таа, туку само девојка која личи на неа.

 

Хрватската старлета Ава Карабатиќ се најде на сајт за деловна придружба, а од цената за услугата ќе ви се заврти во глава! (ФОТО)

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот