Старата скопска чаршија ќе се збогати со нови сувенири

Од Градот велат дека предност ќе имаат решенијата кои за изработка ќе користат стабилни и еколошки прифатливи материјали какви што се керамика, камен, теракота, дрво, текстил, стакло, метал, волна, односно трајноста на материјалот од кој би биле изработени сувенирите е важен елемент при одлучувањето.

На 10 април завршува конкурсот на Град Скопје за идејни решенија за изработка на прототип на сувенири за Старата скопска чаршија, на кој треба да се изберат најдобрите десет решенија. Конкурсот беше објавен во февруари и е дел од иницијативата „Нови сувенири за Старата скопска чаршија“, која се спроведува во рамките на проектот „Рок“ што е дел од програмата Хоризон 2020 и се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија.

– Конкурсот има за цел да ја зголеми свесноста за значењето на оваа културно-историска целина во градот Скопје и да ги промовира нејзините вредности. Во тој контекст, понудените решенија треба да ги истакнат вредностите на културното наследство, старите занаети и да претставуваат одраз на традицијата и културните, историските, материјалните и духовните вредности на Старата скопска чаршија како заштитена културна целина од особено значење со богато културно-историско наследство – се наведува во конкурсот.

Прочитајте и...  Чулев: Да ги почитуваме мерките за наскоро животот да се врати во нормала

Од Град Скопје објаснуваат дека ќе се избираат идејно-обликовни решенија, а не автори, што значи дека бројот на поднесените предлози од еден граѓанин или правно лице не е ограничен, меѓутоа во изборот на решенијата, разновидноста на откупените трудови е важен елемент при одлучувањето. Секое предложено решение поединечно мора да биде доставено и опремено во согласност со конкурсните услови за опремување на секој конкурсен труд.

Конкурсот предизвика интерес кај ликовните уметници, дизајнери, архитекти и воедно кај сите креативци, кои побараа објаснување дали решението треба да биде само економично исплатлива симболична сума за туристите, на пример да чини од 100 до 150 денари, или може и друг тип сувенир, на пример маичка или друг текстилен производ.

Прочитајте и...  Среде полициски час, маскирано лице запалило познат скопски ресторан (ВИДЕО)

– Во изборот на откупените решенијата, Комисијата ќе се раководи првенствено од критериумите за одлучување што се јасно наведени во Конкурсот, меѓу кои квалитетот на предложениот дизајн и трајноста на предложените материјали за изработка, како и иновативноста, креативноста и високо ниво на впечатливост на обликовниот израз се многу битни. Одржливоста, економската и производствена поддржаност на решението се исто така важни, меѓутоа првенствено се однесува на можноста за умножување и производство, за која цел со конкурсното решение треба да биде доставен краток опис на предвидените работи и апроксимативна пресметка на чинење на изведбата на предложените идејни решенија, што не значи дека станува збор за симболична продажна цена на производот. Во оваа насока, предност ќе имаат решенијата што за изработка ќе користат стабилни и еколошки прифатливи материјали (на пример, керамика, камен, теракота, дрво, текстил, стакло, метал, волна итн.), меѓутоа изборот не се ограничува само на таквите решенија – објаснуваат од Град Скопје и додаваат дека, сепак, трајноста на материјалот од кој се предложени решенијата за сувенирите е битен елемент при одлучувањето.

Прочитајте и...  Нетанјаху седнува на обвинителна клупа

Оттаму прецизираат дека авторите што ќе учествуваат на конкурсот, според наведените услови, треба да испратат еден примерок од сувенирот во оригинална големина и материјал, односно изработен прототип/мостра.

Прочитај повеќе

Чулев: СВР Струмица ги истражува донациите и дали лицата кои ги делеле ги почитувале мерките за Ковид-19

Слободен печат

Кумановци горди на двајцата доктори сограѓани беа дел од тимовите за трансплантација на срце и бубрези

Слободен печат

Протести во Минск против кандидатурата на Лукашенко за шести мандат

Слободен печат

Во Грција основните училишта и градинките се отвораат од 1 јуни

Слободен печат

Манчевски: Ако нема избори на 21 јуни, тогаш мора да се продолжи вонредната состојба

Слободен печат

Се слави во Чаир: Оро за време на полициски час? (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Скоро пет и пол милиони лица заразени со Ковид-19

Слободен печат

Земјотрес го погоди Иран, најмалку 6 лица повредени

Слободен печат

Јовески: Поради новонастаната состојба одредени дејствија се одлагаат или не се преземаат

Слободен печат

Најмалку 107 лица заразени со коронавирус на миса во Франкфурт

Слободен печат

Драма во Сараево: Мечка се бори за својот живот, едно младенче е фатено, другото се уште се бара (ВИДЕО)

Слободен печат

Заразени 164 рудари со коронавирус во најдлабокиот рудник на светот

Слободен печат