Згради, станови / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Станови вредни 545 милиони евра се продале лани во Македонија, еден во Аеродром чинел 3.800 евра за квадрат

Речиси 8.000 станови, со вкупна вредност од 540 милиони долари се продадени лани во Македонија, а се купиле скоро 8.000 станови чија вкупна вредност надминува половина милијарда евра, објави „Телма“.

Според податоците од Агенцијата за катастар на недвижности, лани се купиле и продале вкупно 23.470 недвижности, од кои приближно една третина се станови, а една третина – земјоделски површини.

Според најновата анализа на емисијата „Бизнис Објектив“, во 2025 година вкупниот промет со продажба на станови изнесува скоро 545 милиони евра, додека вкупната вредност на купопродажбите на куќи изнесува 214 милиони евра.

Најатрактивни населби за купување стан се во скопските општини Аеродром, Центар, Карпош и Кисела Вода, каде се забележани и највисоките цени.

Најскапиот стан според платена цена за квадрат лани се продал во Аеродром. За 44 квадрати новиот сопственик платил 166.500 евра, според што цената за квадрат изнесува 3.784 евра. Најскапата гаража исто така е продадена во Аеродром — за 24 квадрати некој платил дури 30.150 евра, или 1.250 евра за квадрат.

Пазарот на недвижности го карактеризира голема варијација во цените, дури и во рамки на самите најатрактивни населби за купување станови, се вели во анализата на „Бизнис Објектив“.

„Ако се анализираат двете најпосакувани општини во главниот град, тогаш ќе увидиме дека во Аеродром лани се продадени 978 станови со вкупна површина од 65.655 квадрати, за кои новите сопственици заедно платиле скоро 81 милион евра. Според тоа, просечната цена на квадратот во оваа општина изнесува 1.230 евра. Во Центар се продадени 756 станови со вкупна површина од 57.316 квадрати, чија цена кумулативно изнесува 92 милиони евра. Или, просечната цена на квадратот изнесува 1.600 евра. Додека просекот на квадрат стан во Карпош изнесува 1.400 евра, а во Кисела Вода скоро 1.200 евра, во помалку атрактивните општини како Бутел, Чаир и Ѓорче Петров, просекот се движи меѓу 700 и 1.000 евра“, анализира „Бизнис објектив“.

1.000 станови во Скопје до крајот на годинава – данскиот инвестициски фонд „Вексткапитал“ има амбициозна цел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот