Стаменов: До сега имам објавено десеттина книги за македонскиот јазик

Свето Стаменов / Фото: "Слободен Печат" / Драган Митрески

Мојата публицистичка дејност е во три насоки, едната е македонскиот јазик, втората е меѓународната политика и евроинтеграциите на Македонија и третата е македонската литература, односно делото на поетесата Даница Ручигај, порача во интервју за „Слободен печат“, новинарот и публицист, Свето Стаменов.

„Што се однесува до јазикот, до сега имам објавено десеттина книги. Имам два зборника за Блаже Конески, сега книгата за Блаже Конески – Македонски тестамент, имам две книги за Крсте Петков Мисирков, насловена Македонски меѓник, прво и второ дополнето издание, потоа имам двотомна книга Јазикот нашата единствена татковина, која содржи 50 интервјуа исклучиво за македонскиот јазик, за неговото настанување, за развојот, предизвиците со кои се соочува и имам една книга заедно со професорот Људмил Спасов, насловена Како да се нацрта разговор, исто така посветена на македонскиот јазик“ истакна Стаменов.

Стаменов најави дека во септември во печат ќе излезе уште една негова книга посветена на македонскиот јазик.

Целото интервју со Стаменов можете да го погледнете на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот