Стаменковски со два златни медали во украинската Одеса

facebook.com/bosko.stamenkovski.3

Златото Стаменковски од Македонска Каменица на натпреварувањето во Украина го освои во дисциплината бенч и мулти бенч, а како што соопшти самиот, тој е прогласен и за најдобар мулти-бенчер.

– Првите места ги освоив во категоријата за натпреварувачи до 75 килограми, каде бев најдобар во дисциплините Бенч и Мултибенч. Како резултат на овој успех ја добив и наградата за најдобар мултибенчер – истакна Стаменковски.

Медалите како што додава имаат посебно значење за него, затоа што на ова првенство во Украина учествувале најдобрите бенчери од Европа.

Стаменковски е еден од ретките спортисти во Македонија кој со пауер лифтинг започна да се занимава по 40 година од животот и за неполни 10 години, освои речиси се што можеше да се освои од големите натпреварувања во пауерлифтинг.

Има освоено преку 50 медали што го вбројува меѓу најуспешните спортисти во државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот