Стаменковска Стојковски: СДС својата кампања може слободно да ја преименува од „Можеме“ во „Вработуваме“

СДС својата кампања може слободно да ја преименува од можеме во вработуваме. Сопственото членство не можете да го убедите и затоа ви се потребни лажни анкети, напиша на Фејсбук заменик министер за информатичко општество и администрација г-ѓа Невенка Стаменковска Стојковски.

-Друштвото е несоодветно за Радмила која милува седенки со “прогресивни” ликови, средбите со обични луѓе за неа е потценување ама стравот од одговорност за сите злоупотреби сторени во изминативе 3 години е посилен од гордоста и ќе мора лично да ветува вработувања кои се разбира не претставуваат партизација на администрацијата, само уште една жртва кон “европска” Македонија! Не ви поминуваат лагите и веќе никој не ви верува. Оставете луѓето слободно да се определат на избори, притисоците, поткупот и заканите се казниви и ќе одговарате еден ден- стои во нејзиниот статус.

Пријавете секаков притисок и закана, вели таа, да ставиме крај на заевизмот и никогаш да не и се повторат на Македонија ликови како Радмила Шеќеринска и Никола Димитров.

-Функциите и институциите не смеете да ги користите за партиски двојки кои ќе заплашуваат и ќе се закануваат на вработени за да не го остварат своето гласачко право. Згрозена сум од вашите методи на практикување власт и начин на спасување на малкумина во врвот на сдс и затоа уште утре ќе поднесам пријава до МВР за итно да се превземат соодветни мерки за да се спречи насилството кое го барате од вашите функционери и активисти- стои во статусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот