Стаменковска Стојковски: Дигитализацијата на Манчевски, може да ја видите чекајќи со саати!

Фото: Миа.мк

Пандемијата ја извади на виделина „Дигитализацијаta” на Манчевски. Колку звучи несериозно па макар било и од Дамјан Манчевски, после цели 3 месеци да најавува нови протоколи во институции и дигитализација на истите, напиша на Фејсбук дополнителената заменик министерка, Невенка Стаменковска Стојковски.

-Вработените и граѓаните се незаштитени, а институциите се новите кластери на Ковид-19. Почитување на Законот за безбедност и здравје при работа и воведување на протоколи беа потребни и во месец март како што се потребни и денес. Одговорноста е кај функционерите на СДС кои како што имаат права имаат и обврски! Дамјан Манчевски се изгуби во времето и освен да инсистира на казнување на граѓаните, нека почне со казнување на своите сопартијци кои се највиновни за неспроведување на законот, протоколите и мерките за заштита на здравјето и животот на вработените во јавниот сектор!

Фото: Фејсбук

Дигитализацијата на Манчевски, може да ја видите чекајќи со саати пред Центрите за социјална работа, АВРМ, ФПИОМ, УЈП, ФЗО, Матична евиденција, Катастар и други институции, реагира Стаменковска Стојковски.

Дополнителен заменик министер, Невенка Стаменковска Стојковски/ Фото: МИА

-Мерките кои требаше да помогнат во справување со пандемијата, ги искористивте за поткуп и свесно изложување на граѓаните во непотребен ризик пред институции. Со часови да чекаат и молат за милост на вашата “дигитализација” истата таа која мачната реалноста и секојдневие ја демантираше. Одговорност ќе има за непочитување на законите и за свесно загрозување на здравјето и животот на вработените во јавниот сектор така и за граѓаните кои 3 месеци чекаат милост од државата и три години ја чекаат дигитализација на Манчевски- напиша Невенка Стаменковска Стојковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот