Стадионот на Борусија Дортмунд станува скрининг центар за лица со симптоми на коронавирус

Центарот ќе биде отворен утре и таму ќе се утврдува кој ќе оди во карантин, а кој во болница.

Германскиот фудбалски клуб Борусија Дортмунд дел од ултрамодерниот стадион го претвори во центар за прегледи за време на пандемијата на коронавирусот.

Северната трибина на најголемиот германски стадион, со вкупно 82.000 места, ќе се користи за прегледи на лица за кои постои сомневање дека се заразени од вирусот или кои веќе имаат симптоми.

Како што пренесуваат германските медиуми, Центарот ќе биде отворен утре и таму ќе се утврдува кој ќе оди во карантин, а кој во болница.

Поради пренатрупаност на здравствените установи во Дортмунд со голем број сомнителни случаи на заразени, одлучено е да се вршат прегледи на стадионот каде има повеќе места, а помалку можности да се шири инфекцијата додека луѓето чекаат во затворен простор.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот