epa08437662 Medical staff wearing protective masks, stay in front of the Infectious Diseases Clinic inSkopje, Republic of North Macedonia, 22 May 2020. Due to the increased number of new patients with COVID -19 as well as the celebration of the great Muslim holiday of Ramadan on May 24, the Macedonian government has again proposed a new curfew that would run from 23 May at 7pm to 26 May at 5am. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Стабилизирана бројката на новозаразените на околу 10 отсто од тестираните, засега нема потреба од нови мерки

 Нови 141 случај со Ковид-19 од 1.559 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починат е пациент од Скопје на возраст од 79 години. Регистрирани се 94 оздравени пациенти.

Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 17.483, бројката на оздравени пациенти е 14.516, на починати е 722, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.245. Од вкупниот број активни случаи во Скопје има 650, во Куманово 183, во Тетово 166, во Струмица 147, во Кочани 139, во Прилеп 123, во Гостивар 108…

Досега во земјата се направени вкупно 184.097 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 67 пациенти од кои на кислородна поддршка се 27 пациент, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се пет деца и три мајки позитивни на Ковид-19, едно дете и една мајка суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември” примени се тројца пациенти. Вкупно хоспитализирани се 37 пациенти од кои на респиратор се пет пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 166, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини во Скопје има во Аеродром – 97, Центар – 91, Карпош – 83, Гази Баба – 80, Кисела Вода – 69, Чаир – 62, Ѓорче Петров – 47, Бутел – 29, Илинден – 25, Шуто Оризари – 17, Сарај – 12, Студеничани – 8, Петровец – 7, Арачиново – 5, Чучер Сандево – 5, Сопиште – 3, Зелениково – 2, осум се странци, а еден е нераспределен.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека засега нема потреба од допoлнителни рестриктивни мерки, бидејќи по иницијалното зголемување на бројот на заразени од Ковид -19 состојбата се стабилизира. Бројот на новодијагностицирани, појасни, по иницијалното зголемување особено нагло во изминатата недела, се стабилизираше на близу десет проценти од вкупниот број направени тестови.

– Тие контроли на случаите и увид во епидемиолошките анкети кои ги прават епидемиолозите сега засега не оставаат простор за некаква паника, односно дека има најава дека има неконтролирано ширење на вирусот, нешто што би требало да наметне потреба од некакви дополнителни рестриктивни мерки. Искрено се надевам дека никој од нас ниту ние, ниту нашата земја, ниту целиот регион заради тоа што очигледно дека насекаде има иста или слична епидемиолошка ситуација, нема да се соочиме со таква ситуација да треба да препорачаме рестрикција, рече Филипче.

Според него, првиот чекор би бил некоја форма на поблаги рестриктивни мерки, го најавиле ограничувањето на јавните собири, односно целосната забрана во некои општини, региони каде што ќе сметаат дека бројките и начинот на пренос укажува дека има начин на трансмисија на  вирус што треба да се запре со таков начин на рестрикција. Потенцира дека маските на отворено засега не се задолжителни, меѓутоа доаѓа есенски, зимски период во кој луѓето треба да се штитат и од настинки и од сезонски грип.

– Исто така, во повеќе меѓународни списанија се укажува дека е можно и ПМ честичките во ситуација кога има загадување да бидат преносители на вирусот. Значи тоа се аргументите кои ние ги евалуираме и врз основа на кои носиме препорака каква мерка ќе се донесе. Засега нема знаци дека треба да се препорача и некаква друга дополнителна поблага рестрикција, а далеку секако и од целосен карантин, рече Филипче. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот