Фото: Танјуг / архива

Српскиот патријарх Порфириј со нож во забите: Карикатурата во хрватски весник предизвика шок

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, остро го осуди објавувањето на насловна страница на „Хрватски тједник“ на карикатура  на српскиот патријарх Порфириј со нож во забите, наведувајќи дека станува збор за навредлив и недозволив приказ кој, како што вели, не само што ја навредува Српската православна црква, туку и ги исмејува жртвите на геноцидот врз Србите во НДХ), објави Нова.рс.

Дачиќ рече дека Србија нема да молчи кога, преку медиумски провокации, страдањето на српскиот народ и историските факти за геноцидот во НДХ се релативизираат или исмејуваат.

Според него, карикатурата објавена на насловната страница на „Хрватски тједник“, на која српскиот патријарх е прикажан со нож во забите, претставува груба провокација и намерно поигрување со симболите на српското историско страдање.

Тој особено истакна дека карикатурата е објавена на денот кога се одржала конференцијата за Јасеновац, местото на најголемото страдање на Србите во Втората светска војна, која ја оцени како дополнително шокантна и намерно провокативна.

Дачиќ предупреди и на опасноста од злоупотреба на симболи како „нож“ или „бомба“, наведувајќи дека за време на Втората светска војна овие симболи биле поврзани со злосторства против Србите, кои ги извршиле припадници на усташкиот режим, со поддршка на одредени католички свештеници. Напротив, како што рече, Православната црква никогаш не ги поддржувала злосторствата, туку низ историјата била заштитник на луѓето и жртвите.

„Ваквите провокации не придонесуваат ништо друго освен за поттикнување на омраза и нарушување на односите во регионот. Историските факти не смеат да бидат гориво за нови поделби, а секоја злоупотреба на трагедијата за политички цели е длабоко навредлива – во овој случај, свесно провокативна“, рече Дачиќ.

Тој додаде дека секој што учествува во ширење навреди и создавање нови поделби мора да биде свесен за последиците што таквото однесување може да ги има врз стабилноста и меѓудржавните односи во регионот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот