Српскиот патријарх Иринеј примен во болница со ковид-19

Поглаварот на Српската православна црква (СПЦ), патријархот Иринеј, се заразил со коронавирус и е примен во болница, соопшти вечерва Службата за информации на СПЦ.

Патријархот Иринеј нама симптоми и се наоѓа во одлична општа состојба, наведува службата за информирање на СПЦ во соопштението.

-Како дел од редовната постапка за тестирање и по епидемиолошката проценка, извршен е PCR-тест на САРС CoV2, што потврди дека Неговата Светост Патријархот српски г. Иринеј е позитивен, без симптоми и е во одлична општа состојба. Неговата Светост е сместена во ковид болница во Белград- се наведува во соопштението објевано  на веб-страницата на Службата за информации на Српската православна црква.

Патријархот Иринеј пред неколку дена, заедно со илјаднииц верници, присуствуваше на погребот на митропилитот црногорско- приморски Амфолохије, кој почина од ковид-19. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот