Српската полиција пронајде 300 мигранти кај Суботица, во акцијата беа вклучени 820 полицајци

Српска полиција/ Фото: Профимедиа

Српската полиција откри добро разработен канал за шверц на мигранти во Суботица. Во големата акција, во која биле вклучени 820 полицајци откриени се повеќе од 300 мигранти, а заплени и поголема количина на оружје и муниција, објави N1.

Таканаречената западнобалканска мигрантска рута низ Турција, Бугарија, Северна Македонија и Србија е главната рута за мигрантите и бегалците во Европската Унија, при што многумина користат сложени шверцерски мрежи.

Началникот на полициската управа на Министерството за внатрешни работи на Србија, полковник Ивица Ивковиќ изјави дека полициската акција била спроведена на 1 август околу 3 часот по полноќ.

„Најдовме осум автоматски пушки, една карабина, два пиштоли, неколку различни калибри муниција, 13 парчиња радио комуникација што ги користеле за криумчарење луѓе“, изјави тој за новинарите, без да прецизира кога и каде е пронајдено оружјето. Акцијата се уште трае и оваа бројка ќе биде значително поголема, изјави Ивковиќ.

Тој посочи дека припадниците на МВР се во интензивна акција на територијата на градот Суботица, на површина од повеќе од 6.800 хектари. Во акцијата се вклучени апсолутно сите единици на МВР, специјални антитерористички единици, Жандармерија, Управа за криминалистичка полиција, интервентни единици, повеќе од 800 припадници на полицијата, пренесува РСЕ.

Ивковиќ додаде дека припадниците на МВР преземале слични акции и во претходниот период и дека полицијата во Суботица заедно со други единици секојдневно преместувала од 70 до 100 мигранти во други прифатни центри во Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот