Српска лекарка открива: Внимавајте како ги пиете витамините, може да имаат ефект како да сте испиле една чаша вода!

Youtube
Принтскрин / youtube

Постојано се зборува колку е важно да пиеме витамини и други додатоци во исхраната, а особено сега кога се соочуваме со глобална пандемија на коронавирус. Д-р Хибниета Апук, педијатар специјалист, за српскиот медиум „RTS“ изјави дека земањето витамински додатоци може да има погрешен ефект, односно како да сте испиле чаша вода, пренесува „Telegraf“.

Внимавајте со витамин Д – задолжително се зема со храна. Витаминот Д е најдобро да го земете попладне бидејќи може да ви го попречи циклусот на спиење.

youtube
Принтскрин /Youtube

На лекарката ѝ беше поставено прашањето за витаминот Д, дали витаминот Д може да нè заштити од коронавирусот и како е најдобро да се зема.

Исхраната е сиромашна со витамин Д3, може да се внесе преку масните риби како лосос и туна. Витаминот Д3 е присутен во црниот дроб, говедското месо, жолчките и сирењето, но во многу мали количини. Организмот мора да се снабдува со овој витамин преку синтеза од сончевите зраци, преку кожата“, вели таа.

Како што објаснува, постојат категории на луѓе кои се многу загрозени, особено новороденчињата затоа што воопшто немаат витамин Д.

Profimedia
Profimedia

Според сите просписи, тие добиваат 400 меѓународни единици витамин Д секој ден до првата година. Бремените жени и доилките имаат поголема потреба, затоа што овој витамин им е потребен и на нив и на фетусот. Постарите луѓе над 50 години не го синтетизираат толку добро под влијание на сонцето, кожата е потенка и има поинаква структура во споредба со помладите, плус тие поголемиот дел од времето го поминуваат на затворено“, заклучи д-р Апук.

Познат е фактот дека недостатокот на витамин Д кај децата може да предизвика рахитис, а кај возраснтие доведува до остеомалација (нарушување на минерализацијата на коските). Децата со сериозен недостаток на витамин Д, исто така се склони кон хипокалцемија (ниско ниво на калциум во крвта) што доведува до напади и срцеви заболувања.

Затоа се препорачува да се земаат додатоци на витамин Д во текот на зимските месеци, но никако на своја рака. Консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт. Во постудените месеци се препорачува земање витамин Д, затоа што нема доволно сончеви периоди, а нашето тело го произведува овој витамин како одговор токму на сончевата светлина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот