„Средношколски глас“ конта Царовска, не сакаат да полагаат матура среде корона

средношколци, протест
Средношколците излегоа на протест, бараат враќање во училишните клупи, Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Денес излезе концептот на МОН за полагањето и датумите за државната матура. Средношколски Глас е строго против тоа да се полага матура поради општата ситуација во Република Македонија.

-Минатата година кога дневно имаше само по 10 заразени се одложи, но сега со бројка од 50 илјади заразени граѓани МОН заклучува дека државната матура треба да се одржи. Учениците и професорите имаат доволно стресови со сегашниот начин на учење и ситуацијата, а МОН со ваквата лоша одлука придонесува до зголемување на стресот. Нема ниту услови, а не е ниту соодветно да се одржи државната матура- велат од Средношколски Глас.

Министерката за образование и наука Мила Царовска минатата недела обелодени дека државната матурата за средношколците ќе се реализира во текот на наредната година и тоа во законски утврдените рокови, како и во другите држави од регионот и Европа.

-Сакам да ги поттикнам учениците до крајот на овој месец да изберат проектна задача за претстојната матура и до крајот на следниот месец да изберат предмети кои што ќе сакаат да ги полагаат за матурата. Не сакаме пандемијата да предизвика застој во развојот на нашите ученици кои што се наша иднина, и затоа согласно законските рокови матурата ќе се реализира во текот на наредната година, како иста пракса што се случуваше во други држави од регионот и Европа. Матурата ќе се реализира и во нашата држава затоа што не сакаме да бидеме исклучок. Матурата е значајна за утврдување на знаењата и за понатамошен развој на нашите млади граѓани кои во иднина треба да ја водат државата и економскиот развој, нагласи Царовска.

Царовска: Матурата ќе се реализира и во нашата држава затоа што не сакаме да бидеме исклучок

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот