Средношколците излегоа на протест, бараат враќање во училишните клупи (ФОТО)

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Денеска пред седиштето на Министерството за образование во Скопје започна најавениот протести на средношколците кои бараат во местата каде има мал број на заразени со Ковид-19 да се отворат училиштата, односно да се продолжи со настава со физичко присуство на учениците.

Средношколците излегоа на протест, бараат враќање во училишните клупи, Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Од претходно беше донесена одлука сите ученици над трето одделение, вклучително и средношколците да следат онлајн настава.

Средношколците излегоа на протест низ скопските улици/ Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Од она што го гледаме на терен средношколците се излезени во голем број, а рутата ќе трае до Владата каде гласно ќе го искажат својот револт. Според зборовите на Сојузот на средношколци, Бленди Ходаи, дел од барањата на средношколците се Комбинирано или хибридно учење како најефикасен начин на учење за време на пандемијата, засновано врз епидемиолошката состојба на градовите, како и училиштата да бидат во можност да ги поделат учениците во групи, со тоа што дел од нив ќе следат настава на далечина, а други пак настава со физичко присуство.

Средношколците излегоа на протест, сакаат да се вратат во училишните клупи/ Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Дел од присутните носат транспаренти со натписи како ,,Владата онлајн, учениците офлајн”, ,,Стоп за неквалитетно образование”, како и ,,Сакаме да учиме”. На протестот се присутни и родители на некои од учениците,а покрај средношколци присутни се и основци.

Протест во Скопје на средношколците, 31.08.2020, Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

И родителите и средношколците пред МОН скандираат ,,Сакаме да учиме”, а потоа ќе се упатат кон Влада.

Протест во Скопје на средношколците, 31.08.2020, Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот