Среде епидемија киднапиран директор на болница на Хаити, персоналот одбива да прима пациенти

Голем број луѓе се собраа пред болницата во солидарност со Битар, кој заедно со неговиот брат близнак раководи со болницата. Болничкиот персонал бара ослобоување на Битар.

Директорот на една од главните болници на Хаити вчера е киднапиран, а болничкиот персонал во знак на протест одбива да прима пациенти и покрај епидемијата со новиот коронавирус.

Хирургот Џери Битар е киднапиран кога го напуштил домот за да оди на работа. Голем број луѓе се собраа пред болницата во солидарност со Битар, кој заедно со неговиот брат близнак раководи со болницата. Болничкиот персонал бара ослобоување на Битар.

На Хаити досега се потврдени осум случаи на новиот коронавирус, а претседатеот Жовенел Моисе минатата недела прогласи вонредна состојба и нареди затворање на училиштата и фабриките со цел да се спречи ширењето на Ковид-19. Но, речиси половината од населението живее под границата на сиромаштијата и се на улиците, занемарувајќи ги препораките да останат во домовите и да држат социјална дистанца.

Хаити има околу 11 милиони жители располага со 64 респиратори.

Бројот на киднапирање на Хаити годинава драстично се зголеми поради политичката и економска криза во најсиромашната држава во западната хемисфера. Полицијата само во јануари потврди 15 случаи на киднапирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот