Средба на Викторија Трајков со унгарскиот министер за европски работи, Јанош Бока

Заменик министерката за европски прашања, доц. д-р Викторија Трајков, оствари работна средба со унгарскиот министер за европски работи, Јанош Бока, на која главна тема биле перспективите за проширување на Европската унија и понатамошното зајакнување на стратешката соработка помеѓу Северна Македонија и Унгарија во рамките на пристапниот процес на Македонија кон ЕУ, соопшти кабинетот на Трајков.

„Министерот Бока рече дека македонската влада, преку спроведување на неопходните реформи покажува силна волја за европските интеграции, а Унгарија е подготвена да ја сподели својата експертиза и искуства за да помогне во тој процес. Од своја страна, заменик министерката за европски прашања, Трајков рече дека приоритетот на Владата е интензивирање на реформите, особено во клучните области како што се владеењето на правото, јавната администрација и борбата против корупцијата. Таа истакна дека поддршката од земји – членки на ЕУ, како што е Унгарија, е од исклучителна важност за да се забрза пристапниот процес и да се постигнат конкретни резултати. Министерката додаде дека соработката со Унгарија е од голема корист во насока на спроведувањето на европските стандарди“, се вели во соопштението.

Покрај разговорите за евроинтеграциите, двајцата соговорници дискутирале и за можностите за зголемување на економската соработка меѓу двете земји. Тие се согласиле дека отворањето нови економски можности ќе придонесе за натамошен развој, како и за поголема конкурентност на нашата држава на европскиот пазар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот