Средба на министрите за култура Стефоска и Минеков во Софија

Министерката за култура, Ирена Стефоска, во рамките на својата работна посета на Република Бугарија, денеска во Софија се сретна со бугарскиот министер за култура, Велислав Минеков. Ова е прва средба на министри за култура на двете земји по подолг период, при што тие потенцираа дека како непосредни соседи, упатени сме на поголема заемна соработка.

Соговорниците нагласија дека во изминатиот период се реализирани проекти и иницијативи во повеќе дејности од културата, кои произлегуваат од Програмата за култура за периодот 2018 – 2021 година потпишана од двете министерства.

Во разговорите, министрите ја истакнаа добрата соработка во издаваштвото, во ликовната уметност, во филмската уметност и во програмата „Традуки”. Стефоска и Минеков се заложија за реализација на заеднички проекти, истражувања, обуки, размена на експерти во делот на реставрација и конзервација на културното наследство.

На средбата беше истакнато дека двете земји остваруваат одлична соработка и на мултилатерален план.

Министерката за култура, Стефоска, и бугарскиот министер за култура, Минеков, синоќа присуствуваа на концертот на Софиската филхармонија, на кој настапија Симон Трпчески, Александар Крапоски и Александар Сомов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот