Србија: Татко мислел дека ќерка му е киднапирана, а таа од скриен број го информирала дека се омажила

Фото: Википедиа

Полициската истрага е во тек.

Адријана Копчок (18) од село во близна на српскиот град Бачка Паланка го исплашила своето семејство по нејзиното исчезнување во понеделникот. Нејзиниот татко го пријавил случајот во полиција. Единствената информација која ја имал за своето дете е дека таа последен пат е видена во бел автомобил со регистарски таблички од Рума, пишува српски „Телеграф“.

– Излезе да се прошета, и предходно одеше до центарот на селото и секогаш се враќаше дома – вели таткото, кој детално опишал за полицијата што Адријана носела во моментот на нејзиното исчезнување.

Адријана живее со брат ѝ и татко ѝ, додека мајка ѝ живее во Јагодина. Таткото веднаш ја отфрлил можноста дека девојката заминала кај мајка си.

И токму во моментот кога јавноста е алармирана за исчезнувањето на Адријана и додека новинарските екипи на српските медиуми пристигнале во домот на семејството Копчок, нејзиниот татко примил повик од скриен број и разговарал со неговата ќерка, која го информирала дека отишла на гости, а потоа се омажила во местото Рума.

Сепак, таткото Јурај по разговорот рекол за медиумите дека не верува во таа приказна.

Полициската истрага е во тек, а инспекторите во Рума ги проверуваат нејзините наводи со цел утврдување на фактите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот