Србија: Кризните мерки и натаму остануваат на сила, меѓу кои и ПЦР тестот за влез во земјата

Жена со заштитна маска во Србија / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Кризниот штаб на српската Влада за борба против коронавирусот денеска одлучи сите постојни мерки да останат на сила и понатаму, бидејќи е оценето дека тие даваат резултати, јави дописникот на МИА од Белград.

Кризниот штаб ја започна седницата со цел да се разгледаат мерките што беа донесени пред новогодишните празници, кои беа на сила до 10 јануари. Се дискутираше за три клучни теми – мерки за влез во земјата, работа на училиштата и мерки за економијата.

Мерките за влез во Србија остануваат со задолжителниот негативен ПЦТ тест за странските државјани или изолација до негативен тест за српските државјани.

Работното време на угостителските објекти останува до 20 часот, а на продавницата до 21 часот.

Второто полугодие во образовниот процес ќе започне на 18 јануари, како што и беше предвидено; а на сила остануваат и претходно утврдените мерки, забрана за собирање на повеќе од пет лица, како и носењето маски во затворени простории.

Во Србија од денеска почна пријавувањето на граѓаните за вакцинација, која се врши електронски преку порталот Е-управа, а од четврток тоа ќе можат да го направат и преку телефонско закажување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот