Србија е најмрачниот од сите балкански вилаети, тврди српскиот режисер

Фото: YouTube/Screenshot

Театарскиот режисер и писател Златко Паковиќ изјави денеска дека Србија е „најмрачната од сите темни балкански вилаети“ и дека со неа владее „елита на незнајковци“.

Паковиќ во интервју за порталот Тачно.нет рече дека заканите кои ги добива после премиерата на претставата „Сребреница. Кога ние убиените ќе станеме“ ги упатуваат оние кои „не виделе ниту минута од претставата или снимки од претставата“, и дека тоа зборува дека живееме во општество кое „не го интересираат емпириски факти“.

Тој смета дека заканите кои ги добива се „под директива на политичката мафија која овде господски се вика власт“.

„Најмногу грозоморни закани, а секоја е кривично дело на загрозување на безбедноста доаѓа од редовите на таканаречените навивачи. По под скутот на власта, заедно со хулиганите, се наоѓа и културната елита, која пред мојата претстава или кукавички молчи или како (театарскиот критичар Иван) Меденица, се обидува доставувачки да ја оквалфикува како естетски предмет полн со недостатоци“, рече Паковиќ.

Тој вели дека едни му се закануваат со физичка, а други со „културна ликвидација“.

Паковиќ остро ги критикува партиите и поединците кои користат „антинационалистичка реторика“ и „либерални фази за толеранција“, а блиску соработуваат со Српската напредна партија.

„Зборуваме за оние кои мислат со својот задник, додека нивните работодавачи мислат со нивните глави. Антинационалистичка реторика, либералните фрази за толеранција, служат да им го камуфлираат сопствениот опортунизам во закрилата на најнетолерантната, најопскурната власт“, рече Паковиќ.

Тој додаде дека „на нашите предели“ им се заканува економска штета, а на младината им се крои „судбина на клиентелистичка интелегенција и слуги и слугинки на веќе стасаните газди“.

„Но, сето тоа може да се преврти, токму како во театарска претстава. Тоа во театарот ни го покажува уште Есхил“, рече Паковиќ.

Златко Паковиќ доби голем број закани и навреди преку социјалните мрежи по премиерата на неговата претстава „Сребреница. Кога ние убиените ќе станеме“.

Паковиќ и актерките од претставата беа на мета во медиумите блиски до власта, кои оваа претстава ја нарекоа „антисрпски памфлет“.

(Извор: Бета)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот