Србија до крајот на годината отвора нови пристапни поглавја со ЕУ

До крајот на годината ќе бидат отворени нови поглавја во пристапните преговори на Србија со ЕУ, дознава „Танјуг“ од извори од Брисел.

Финска како претседавач членка на ЕУ планира до крајот на годината ќе организира Меѓународна конференција ЕУ – Србија, на која треба да се отворат новите поглавја.

До крајот на шестмесечното претседавање на Финска со ЕУ останаа уште три месеци.

Дипломатски извори од Финска напоменуваат дека планот е да се продолжи со процесот на приближување на Србија кон ЕУ.

Во моментов се шпекулира за отворање на две поглавја, дознава „Танјуг“ во Брисел.

„Во рацете на Србија и земјите членки на ЕУ е реализацијата на овој план“, напоменуваат во Брисел.

Србија на крајот на јуни годинава, за време на претседавањето на Романија го отвори деветтото поглавје во пристапните преговори со Унијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот