Спречена кражба на муралот на Бенкси во Украина

Фото: EPA-EFE/OLEG PETRASYUK

Полицијата во Украина спречила група луѓе да украдат мурал на познатиот уметник Бенкси од фасадата на зграда оштетена во војната, пишува Би-би-си.

Групата отсекла дел од фасадата на кој беше прикажан приказ на жена со маска за гас, рекоа официјалните лица. Полицијата соопшти дека на местото на настанот во Гостомел, во близина на Киев се уапсени неколку лица и дека им е одземен муралот. Тоа е едно од неколкуте уметнички дела создадени во Украина минатиот месец.


Графитот не е оштетен, а го штити полицијата, изјави гувернерот на киевската област Олексеј Кулеба на комуникациската платформа Телеграм.

„На крајот на краиштата, овие слики се симболи на нашата борба против непријателот. Тие се приказни за поддршката и солидарноста на целиот цивилизиран свет со Украина. Ќе направиме сè за да ги зачуваме овие дела на улична уметност како симбол на нашата победа“, вели Кулеба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @rich76

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот