Спортска публицистика: Биографска книга за легендарниот Васил Рингов – „Фудбал под сенка“

„Фудбал под сенка“ во авторство на Срѓан Ивановиќ на искрен и непосреден начин ја раскажува животната и спортската приказна на Рингов – еден од најзначајните фудбалери во македонската и југословенската историја, чие име е тесно поврзано со успесите на ФК Вардар.

Биографската книга „Фудбал под сенка“, посветена на легендарниот македонски фудбалер Васил Рингов, во авторство на Срѓан Ивановиќ, ќе биде промовирана на 17 април (петок) во книжарницата Литература.мк во „Дајмонд мол“, со почеток во 20 часот.

Книгата излегува постхумно, неколку месеци по смртта на Рингов (17 април 1955 – 23 декември 2025), кој активно беше вклучен во нејзиното создавање. Денот на промоцијата се поклопува со датумот на неговото раѓање. Ова го известуваат од издавачката куќа „Арс Ламина“.

„Фудбал под сенка“ на искрен и непосреден начин ја раскажува животната и спортската приказна на Рингов – еден од најзначајните фудбалери во македонската и југословенската историја, чие име е тесно поврзано со успесите на ФК Вардар. Книгата нуди увид не само во неговата богата кариера, туку и во личните предизвици, размислувањата и вредностите што го формирале како спортист и како човек.

– Конечно добив шанса да ја раскажам мојата приказна без некој новинар да ме цензурира или да не сака да го објави тоа што сакам да ѝ го соопштам на јавноста. Конечно можам да зборувам за сите работи што ми тежат на срце. Конечно можам да ја раскажам мојата приказна. Головите никогаш не ме интересирале, па затоа не сакам да зборувам за нив. Освен неколку битни погодоци, не мислам дека тоа треба да биде моето наследство. Сакам да зборувам за фудбалот, за ФК Вардар, за луѓето. За луѓето што ги обележаа мојот живот и мојата кариера… – се вели во воведниот дел на книгата, напишана во прво лице, каде што нараторот е самиот Рингов.

Срѓан Ивановиќ (роден 1977) е писател и истакнат новинар кој меѓу другото досега има објавено два романа, „Писма од лудница“ и „Крвава уметност“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот