Спој на паганизмот и христијанството: Фестивал на змии во Италија (ФОТО)

Profimedia

Во малиот италијански град Кокуло, во црквата „Santa Maria delle Grazie“ се наоѓа дрвена статуа на Свети Доминик. На секој 1 мај скулптурата на светецот е во центар на настанот „Processione dei Serpari”, односно Фестивал на змиите, кој се одржува повеќе од 700 години.

Profimedia

Според преданијата еден бенедиктански монах во 10 век го расчистил полето околу Кокуло од змии, а притоа ги лекувал луѓето од смртоносните каснувања.

Profimedia

Се смета дека со тек на времето приказната се споила со паганските преданија за божицата на змиите Агниција и така фестивалот се развил во денешниот облик.

Profimedia

Фестивалот почнува со изнесување на скулптурата прекриена со змии од црквата.

Иако глетката може да биде вознемирувачка, на сите змии им се отстранети жлездите и тие се добро хранети, па малку е веројатно дека ќе бидат вознемирени во текот на процесијата.

Profimedia

Единствено лошо што може да се случи е змијата да падне од статуата, бидејќи според верувањата, тоа донесува лоша среќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот