СПМ: Основната плата на полицаецот е 16.300 денари, МПС да престане да ги манипулира вработените во МВР

Фото: Скриншот

Синдикатот на полицијата во Македонија го нападна Македонскиот полициски синдикат за манипулирање на вработените во МВР откако нивни преставник поднесе барање до Собранието за зголемување на платите за 20 проценти, иако правото за барање за зголемување на плати го има само министерот Спасовски.

„Самонаречениот синдикат и самопрогласен како единствен на полицијата-МПС помпезно си молчи под прашањето за зголемување на платите иако побаравме од нив претходно да биде објавена основната плата на полицаецот, но оттаму не добивме ништо освен молк. Јавноста треба да знае дека основната плата на полицаецот е 16.300 денари. Паралелно на тоа единствениот којшто знае да се претставува само пред министерот Спасовски излезе со манипулативно барање пред комисијата за финансирање и буџет до Собранието за наводно 20 посто зголемување на платите, иако правото за такво нешто го има само министерот Спасовски“, велат од СПМ.

Од синдикатот на полицијата на Македонија побараа од министерот Спасовски да се зголеми платата на сите вработени за 15 отсто.

„До министерот бараме платите на сите вработени во МВР од месец јануари да бидат зголемени за 15 отсто. Зголемувањето на платите од јануари да биде на товар на МВР со што сметаме дека МВР е способно да ги исплати парите од својот буџет,  односно МВР има пари за зголемување на платите. СПМ во ниту еден момент не се откажа од барањето едно евро еден бод, но сепак таквото нешто во момент не е реално“, велат од СПМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот