СПИЕЊЕТО НА ПЕКОЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ доведува до ОВИЕ лоши нешта - Слободен печат
ЗдравјеМагазин

СПИЕЊЕТО НА ПЕКОЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ доведува до ОВИЕ лоши нешта

Дури и кога сте спиеле неколку часа, се будите поуморни отколку што сте биле пред да си легнете

Летните горештини и пеколни температури може да бидат многу непријатни за спиење и да направат да се разбудите поуморни отколку што сте биле пред да си легнете.

И додека од една страна го обожавате летото затоа што значи дека конечно можете да ги носите фустаните кои ги обожавате, да се подготвувате за одмор и плажа, од друга страна спиењето е речиси невозможно.

Дури и кога ќе успеете да заспиете, тоа тешко може да се нарече квалитетен одмор. Но, дали сте забележале дека во лето почесто имате кошмари и лоши соништа?

Причина за тоа е што телото не успева доволно да се излади кога заспивате, поради високата надворешна температура. Вообичаено, би требало да падне околу еден степен пониско отколку кога сте биле будни. Токму ова прави вашиот мозок да не може да заспие, да сонувате ужасни и неповрзани бизарни нешта, да се будите во паника, па дури и со тахикардија.

За да го избегнете или барем малку ублажите ова, пробајте ги следниве трикови:

– спијте на памучна постелнина
– пред да си легнете, ставете ги навлаката за перницата и прекривачот во замрзнувач неколку минути
– насочете го вентилаторот кон вратата од собата, никако директно кон вас, на тој начин ќе обезбедите проток на воздух
– исклучете ги сите можни светла и електронски уреди кои загреваат
– ставете мокар чаршав на отворен прозорец

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close