Спасовски: Соработката со словенската полиција е на одлично ниво

Соработката на полициите на Република Северна Македонија и Република Словенија е на извонредно високо ниво, а во наредниот период продолжуваме во ист правец, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по денешната средба со неговиот словенечки колега Боштјан Поклукар во Љубљана.

Како што соопшти МВР, Спасовски притоа им се заблагодарил на Словенија и на словенечкото Министерство за внатрешни работи за несебичната помош за нашата полиција во справувањето со мигрантската криза.

– Тоа беше еден од најголемите предизвици за нашата држава, со кој можевме да се справиме само преку взаемна соработка меѓу државите од регионот, поткрепена со силната поддршка на нашите пријатели, – истакна Спасовски.

Како што се наведува во соопштението од МВР, Спасовски упатил благодарност и до контингентите на словенечките полициски службеници, кои спроведуваа и продолжуваат да учествуваат во заедничките активности со македонските полициски службеници за зајакнат надзор и контрола на нашата јужна граница.

Прочитајте и...  СДСМ: Продолжуваат консултациите за коалициски договор со ДУИ

– Нивниот професионализам и искуство кои несебично ги споделуваат со нашите полициски службеници, заслужуваат голема почит и за нас се од непроценливо значење – потенцирал Спасовски.

Според него, денешната средба е доказ за нашата посветеност на соработката особено на полето на справување со нелегалната миграција, сузбивањето на организираниот криминал и најголемата закана на денешницата- тероризмот.

– И на оваа средба ги потврдивме нашите заложби за дополнителен инпут во меѓусебната соработка на двете полиции, која уште поцврсто ќе продолжи да се развива и во иднина – посочил министерот Спасовски.

Словенечкиот министер за внатрешни работи Боштјан Поклукар истакнал дека како партнери, ние целосно ја имаме нивната поддршка. Тој информирал дека со Спасовски разговарале и за миграциите и соработката на државите од Западен Балкан.

Прочитајте и...  ЕУ планира да купи најмалку 300 милиони дози од потенцијалната вакцина од Британија

– На полицијата на РСМ ѝ благодарам за спречувањето на нелегалната миграција и ме радува што и словенечките полицајци имаат придонес за тоа. Соработката меѓу двете полиции е одлична и овие средби се одлична можност за директна размена на информации –  рекол тој, стои во соопштението од МВР.

Прочитај повеќе

Мун: Сеул е подготвен за разговори со Токио за решавање на споровите од минатото

Слободен печат

Зеленски предупреди на заканата од појава на „жежок Донбас” во Белорусија

Слободен печат

Излегоа детали од книгата за Трамп: „Златен туш“, бивши љубовници и уцените на Путин

Слободен печат

Народна Банка: Се што преземавме за ,,Еуростандард” беше за да ги заштитиме депонентите

Слободен печат

Што не чека по пандемијата? Најбарани ќе бидат менаџерите!

Слободен печат

Во Охрид 78 активни случаи на коронавирус, во Струга двојно повеќе

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

ЕВН донира возило за подобрување на сервисот на уличното осветлување во Берово

Слободен печат

Хаџиев за МИА: Од ФОД ќе бидат обесштетени депозитите на 99,4 проценти од физичките лица – депоненти во „Еуростандард банка”

МИА

Еуростандард банка нема обврски кон Комерцијална банка

Слободен печат

СДСМ: Продолжуваат консултациите за коалициски договор со ДУИ

Слободен печат

Интервју со Илија Адамоски: На пензионерите им треба правен лек – лекс специјалис!

Мендо Димовски

ВМРО ДПМНЕ пред Уставен суд ќе го спори мандатот на Заев

Слободен печат