Спасовски: Со затоплување на времето би имале најнизок степен на ширење на вирусот

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, во емисија на ТВ Клан говореше за одржувањето на изборите, но и за ситуацијата со корона вирусот во нашата земја.

Неговиот интензитет е значително намален, а тоа е најмногу поради топлото време, вели Спасовски.

– Ние преку вонредната состојба носиме уредби со законска сила за да функционира државата во овие услови, но сега се поставува прашањето колку време треба да бидеме во вонредната состојба? Не смееме да си дозволиме да не ги комплетираме институциите на системот тогаш кога е најпогодно да бидат комплетирани само заради што некој има поинаков партиски интерес и не сака да оди на избори во овој момент, сака да оди подоцна итн. Сите анализи покажуваат дека сега, во текот на затоплувањето на времето, би имале најнизок степен на ширење на корона вирусот додека после тоа е можно нов бран на епидемијата на есен, на зима – истакна премиерот Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот