Спасовски: Слободата на медиумите и на изразувањето останува константа и суштинска потреба и во време на вонредната состојба

Оливер Спасовски
Оливер Спасовски / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Оваа година оддаваме поддршка, признание и благодарност на новинарите, медиумските работници и медиумите за нивниот придонес со независно и одговорно известување да бидат дел од заедничкиот одговор во справувањето со заканата од коронавирусот, потенцираше премиерот.

Слободата на медиумите и на изразувањето останува константа и суштинска потреба и во време на вонредната состојба кога заради неизвесноста и опасностите од Ковид-19 од корен се промени нашиот живот и секојдневие, наведе на неговиот фејсбук-профил техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Тој истакна дека оваа година Светскиот ден на слободата на медиумите го одбележуваме со уште појасно сознание и уште посилна определба дека медиумите и новинарите имаат клучна улога и посебен придонес во обезбедувањето навремени, точни и доверливи информации за јавноста кои во овие услови, како што посочи, не се нужни само заради демократијата туку и за спасување човечки животи.

– Во таа насока, со честитките по повод Светскиот ден на слободата на медиумите, оваа година оддаваме поддршка, признание и благодарност на новинарите, медиумските работници и медиумите за нивниот придонес со независно и одговорно известување да бидат дел од заедничкиот одговор во справувањето со заканата од коронавирусот, потенцираше премиерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот