Спасовски: Осум лица од МВР ќе бидат суспендирани и против нив ќе се води дисциплинска постапка

Оливер Спасовски / Фото: Влада на Р.С. Македонија

Осум лица кои се вработени во МВР ќе бидат суспендирани и против нив ќе се води дисциплинска постапка, најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, бидејќи тие биле директно вклучени во нелегални активности за издавање на возачки дозволи на лица кои пак немале положено возачки испит. 

– Поднесени се и кривични пријави и уште против 28 граѓани кои вршеле поттикнување на ова кривично дело. Истрагата продолжува и ќе се гледаат сите аспекти од случајот – порача Спасовски. 

Спасовски: Сите учесници во протестот за „Монструм“ ќе сносат одговорност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот