Спасовски: Бегалски населби може да никнат и без формални мигрантски кампови

Осврнувајќи се на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски дека додека е на функција нема да има бегалски кампови, Спасовски оцени дека и без класични кампови може да се создадат бегалски населби со мигранти, што повторно го отвора прашањето за безбедноста и контролата.

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, изјави дека Македонија не смее да стане држава која ќе спроведува азилски постапки за друга земја, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема да може да ги врати во нивните матични држави.

Во гостување во емисијата „Трилинг“ на 24 Телевизија, тој предупреди дека разговорите за евентуално сместување мигранти во земјава носат сериозни, пред сè безбедносни ризици.

Според Спасовски, Македонија нема склучено реадмисиони договори со земјите на потекло на мигрантите, што значи дека дел од нив би останале трајно на територијата на државата без правна можност за враќање.

Како пример за потенцијалните безбедносни предизвици, тој посочи дека неодамна група мигранти од Египет го демолирале транзитниот центар во Табановце, што, како што рече, покажува колку чувствителни и сложени се овие процеси.

Осврнувајќи се на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски дека додека е на функција нема да има бегалски кампови, Спасовски оцени дека и без класични кампови може да се создадат бегалски населби со мигранти, што повторно го отвора прашањето за безбедноста и контролата.

Тој потсети дека прифатните центри „Винојуг“ во Гевгелија и Табановце функционираат од 2015 година и дека тогаш бил изменет Законот за странци со воведување рок од 72 часа за транзит на мигрантите.

Во тој контекст, Спасовски ги демантираше тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека во 2018 година биле договарани нови прифатни центри за мигранти во Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот