Спасиќ: Мојата цел е да го подигнам пехарот во Европскиот куп! – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Спасиќ: Мојата цел е да го подигнам пехарот во Европскиот куп!

Македонскиот кајакар Спасиќ во Италија се квалификуваше за финалното возење и успеа да го задржи првото место во генералниот пласман.

Љубомир Спасиќ го имаше својот настап на петтото коло во местото Пјатеда-Валтелина на реката Ада, на северот на Италија.

Гледано од резултатски аспект во Италија замина со една единствена цел да се квалификува за финалното возење и да успее да го задржи првото место на европската ранг листа.

facebook.com/LubomirSpasik

– Натпреварот во Италија за мене беше едно искуство плус во мојата кариера каде што на истата патека настапив пред пет години. Впрочем тоа беше и мојот прв настап на Светско првенство на таа патека во оваа дисциплина. По настапот во квалификациската трка јас успеав веднаш да обезбедам пласман во финалето каде што првопласираните пет натпреварувачи обезбедуваат настап во финалето, додека останатите натпреварувачи мораат да возат второ возење односно полуфинале и од нив најдобрите 10 се пласираат во финалето – изјави Спасиќ за „Слободен печат“.

Така со самиот негов пласман во првото возење и неговите апетити се зголемија, посакуваше да освои медал, желбата за успех беше голема, но…

– За жал „изгорев“ на самиот старт, во првите 100 метри имав погрешна линија на движење каде што моите конкуренти ме добија на таа моја грешка по 4 секунди до самиот финиш се обидував и давав се од себе. Таа предност успеав само да ја намалам на само 2 секунди до освојување на медалот која и не беше доволна – додаде Спасиќ.

Воглавно оваа сезона за него започна успешно и тој успех сеуште го прати.

– Почетокот на сезоната ми започна со 6 изборни натпревари на кои на сите бев бр 1. Потоа ми претстоеа настапи на европските купови во Македонија, Словенија и Германија на кои на сите бев пласиран во финалето. Подоцна настапив на Европското првенство во Словенија каде што лично јас не бев задоволен од мојот настап. Следуваше настапот во Шпанија и овој сега во Италија.

принтскрин

Лидер на Европската ранг листа во кајак на диви води е нашиот Спасиќ со 333 бодови, пред Словенецот Нејц Жнидарчич кој има 300, а трет е Душан Мачкиќ од Босна и Херцеговина (248).

– Сега ми преостануваат уште два натпревари, едниот е настапот во Чешка каде е финалето од европскиот куп и на кој се надевам дека ќе го подигнам толку посакуваниот пехар. Подоцна ми претстои настапот на Светското првенство во Шпанија. Но, јас оваа година главен акцент и цел ми беа европските купови како и освојување на истиот – вели македонскиот кајакар.

За следната 2020 година е прерано да се даваат некои поконкретни анализи, Спасиќ е фокусиран на оваа сезона.

– Мислам дека 2020 година би ми била уште по успешна, бидејќи со овие мои постигнувања очекувам сега поголема помош, повеќе подготовки од страна на институциите кои се задолжени за спортот во Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close