СП, финале: Данска останува на тронот или петто злато за Шведска!

Фото: EPA-EFE/KHALED ELFIQI

Репрезентацијата на Данска има шанса да биде само четвртата земја која ја одбранила светската титула шампион, претходно тоа им успеа на Шведска, Романија и Франција.

Селекцијата предводена од Николај Јакобсен денеска од 17.30 часот во големото финале на Мундијалот во Египет ќе ги одмери силите против Шведска.

Судии на овој меч се Шпанците Лопез и Сабросо, а Драган Начевски од Македонија ќе биде еден од официјалните лица.

Данците и пред две години беа во скандинавско финале, со 31:22 славеа против Норвежаните. Интересен е податокот што Шведска после 21 година повторно на египетско тло е во борба за златото, тогаш во далечната 1999 година се искачи на тронот со триумфот над Русија (25:24).

Швеѓаните атакуваат на петтата светска титула, со злато се закитија уште во 1954, 1958 и 1990 година.

Да додадеме уште дека претходно од 14.30 часот се игра натпреварот за третото место помеѓу Шпанија и Франција. Доколку Французите загубат, а Шведска дојде до титулата, тогаш Швеѓаните на врвот на вечната листа ќе се одвојат со најмногу медали на светските шампионати, вкупно 12.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот