СП 2023: Македонија од вториот шешир ќе ја чека жрепката во Катовице

Македонија по осмипат ќе игра на ракометните Мундијали/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Македонската сениорска репрезентација по осмипат ќе игра на светските шампионати, во неделата избраниците на селекторот Кирил Лазаров во мундијалскиот бараж ја елиминираа Чешка.

Реванш дуелот во СЦ „Борис Трајковски“ беше последен во националниот дрес за двајца наши ракометари, Филип Миркуловски и Стојанче Стоилов.

Пред мечот Миркуловски доби врамен дрес од Ракометната федерација на Македонија, а на прес-конференцијата по натпреварот Стоилов ја информираше јавноста дека нема повеќе да настапува за репрезентацијата. Лазаров ќе се обиде да го предомисли пикерот на Вардар 1961, но ја почитува неговата одлука.

Следниот Мундијал ќе се одржи од 11 до 29 јануари 2023 година во две земји, Полска и Шведска. На СП ќе учествуваат 32 репрезентации, досега се познати 24: Полска, Шведска, Данска, Франција, Норвешка, Шпанија, Бахреин, Иран, Катар, Саудиска Арабија, Јужна Кореја, Аргентина, Бразил, Чиле, Уругвај, Белгија, Хрватска, Германија, Унгарија, Исланд, Црна Гора, Македонија, Португалија и Србија.

Една репрезентација треба да дојде од првенството на Северна Америка и Кариби (26 јуни до 1 јули во Мексико), пет од африканскиот шампионат (11 до 18 јули во Египет), а на две репрезентации ќе им бидат доделени „вајлд карти“.

Според најавите жрепката ќе се одржи на 2 јули 2022 год. во Катовице (Полска), а Македонија своите ривали на СП 2023 ќе ги чека од вториот шешир.

СП 2023
Прв шешир: Данска, Шведска, Шпанија, Франција, Норвешка, Исланд, Германија, Африка 1

Втор шешир: Катар, Хрватска, Белгија, Бразил, Португалија, Полска, Црна Гора, Македонија

Трет шешир: Србија, Унгарија, Аргентија, Бахреин, Саудиска Арабија, Африка 2, Чиле, Африка 3

Четврти шешир: Уругвај, Африка 4, Африка 5, Иран, Јужна Кореја, Северна Америка и Кариби 1, „Вајлд карта“ 1, „Вајлд карта 2“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот