Создавачот на Спутник го раскажа најсмешниот мит за вакцината и како да се лекуваат заразените кои веќе се вакцинирале

epa08675841 A Russian medical worker displays a trial vaccine against COVID-19 in a post-registration phase of the test at outpatient hospital number 68 in Moscow, Russia, 17 September 2020. Russia registered the new vaccine called 'Sputnik V' against Coronavirus Sars-Cov-2 and opens the stage of its massive testing. EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Директорот на Центарот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, Александар Гинцбург откри како е регистрирана првата вакцина на светот против коронавирусот, но и на вечната дилема на многу антиваксери.

„Многу не забавуваше информацијата дека руските хакери од Институтот Гамалеја го украле рецептот за изработка на лек од АстраЗенека. После некое време Кирил Дмитријев рече во шега на својот Твитер профил, кога се појавија резултатите од АстраЗенека, дека нивната вакцина е 65 или 70 проценти ефикасна, дека ако не обвинуваат дека го украдовме рецептот, тогаш мораме да се „одолжиме“ и подготвени сме да предложиме друга компонента од нашата вакцина за да ја зголемиме ефикасноста на нивната. И на изненадување на сите, АстраЗенека ја прифати понудата. Како што памтите, после извесно време, во присуство на нашиот претседател, беше потпишан меморандум за соработка со раководството на АстраЗенека. Тоа е целата приказна, започна би рекол смешно, а заврши со сериозна заедничка работа“, го раскажа Гинцбург за Спутник најсмешниот мит за руската вакцина.

На прашањето дали Спутник може да влијае на човековиот ген, Гинцбург вели дека одговорот е недвосмислен: Не може. 

Тој објасни и како да се лекува ковид-19 ако лицето се зарази и после вакцинација.

„По правило, ако после втората вакцинација лицето се разболи во рок од три недели, кога имунитетот се уште не е целосно формиран, тогаш, како што покажа искуството, тоа се разболува со благи симптоми. Ако после првата вакцинација се разболи на третиот, четвртиот или петтиот ден, тогаш може да има потешки симптоми. Затоа е потребно да се применува цел спектар на заштитни мерки, кои обични се применуваат после првата вакцинација и во тек на наредните три недели после примената втора вакцина“, рекол тој.

„Меѓутоа, ако поминале три недели после првата вакцинација, тогаш е 100-процентна гаранција дека лицето нема да има тежок облик на болеста, дури можеби ниту среден. Може да биде заразен со веројатност до осум проценти. Да, осум од сто можат да бидат заразени, но инфекцијата фактички ќе ја поминат на нозе. Единствено што би ги посоветувал луѓето кои се заразени е да водат сметка да не ги заразат своите блиски кои не се вакцинирани. Затоа е потребно да се почитуваат сите заштитни мерки“, наведе директорот на Гамалеја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот