Советот на ЕУ постигна преоден договор за ИПА 3: Предвидени се 14 милијарди евра за Западен Балкан и Турција

Евра/ Фото: EPA/J.J. Guillen

Советот на ЕУ постигна преоден договор за претпристапната финансиска помош за земјите од западен Балкан и Турција попладнево, јави дописничката на МИА од Брисел.

Претпристапната помош за периодот 2021-2027, попозната како ИПА 3 програмата, е на пат да биде усвоена откако денеска Советот на ЕУ (земјите членки) постигна договор со Европскиот парламент за овој предлог на Европската Комисија.

ИПА 3 предвидува финансиска асистенција од 14 милијарди евра за земјите од Западен Балкан и Турција.

Предлогот ќе биде конечно усвоен откако Советот ќе даде политичко одобрување со квалификувано мнозинство, но не се очекуваат пречки.

Португалското претседателство го поздрави договорот преку државната секретарка за европски прашања, Ана Паула Закариаш.

-Претпристапната помош ги поддржува примателите да усвојат и спроведат клучни политички, институционални, социјални и економски реформи за исполнување на вредностите на ЕУ и постепено да се усогласат со правилата, стандардите и политиките на ЕУ, рече Закариаш.

ИПА 3 е предмет на преговори повеќе од една година помеѓу Парламентот и Советот, предлогот беше поднесен за првпат во јуни 2018 од страна на Европската комисија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот