Совети од Клиника „Жан Митрев“: Што значи спуштен мочен меур?

проф.д-р Васил Илиев
Проф. д-р Васил Илиев / Фото: Промо

Мочниот меур не се спушта изолирано туку секогаш е дел од комплексен, комбиниран спад на гениталните органи, а може да предизвика проблеми како што се тешкотии со мокрењето, непријатност или, пак, стресна инконтиненција на урината, при која се случува неволно истекување урина предизвикано од, на пример, кивање, кашлање и напор.

Анатомски различно од мажите, кај жените предниот ѕид на вагината го поддржува мочниот меур. Со возраста вагиналниот ѕид може да ослаби, да се олабави или да се оштети како резултат на значителен физички напор, како што е породувањето. Ако состојбата многу се влоши, може да дојде до пролапс/спаѓање на мочниот меур, што значи дека мочниот меур ја изгубил поддршката и оди надолу во или надвор од вагината. Она што треба да се знае е дека мочниот меур не се спушта изолирано туку секогаш е дел од комплексен, комбиниран спад на гениталните органи (вагина, матка).

Спуштениот мочен меур може да предизвика проблеми какви што се тешкотии со мокрењето, непријатност или стресна инконтиненција на урината, при која се случува неволно истекување урина предизвикано од на пример: кивање, кашлање и напор. Пролапсот на мочниот меур наречен е и цистоцела. И тој како и пролапсот на вагината и матката има четири различни степени на спуштање, согласно тоа колку мочниот меур и гениталните органи се спуштени во или надвор од вагината.

Симптоми на спуштен мочен меур

Првиот симптом што жените со пролапс на мочниот меур обично го забележуваат е присуството на ткиво во вагината. Истото вообичаено жените го опишуваат како топка. Другите симптоми што се присутни го вклучуваат следново: непријатност или болка во карлицата; ткивото излегува од вагината (ткивото може да биде чувствително и може да крвави); отежнато мокрење; чувство дека мочниот меур не е празен веднаш по мокрењето (нецелосно празнење); стресна инконтиненција (истекување урина при кивање, кашлање или напор); почести инфекции на мочниот меур; болен однос (диспареунија); болка во долниот дел на грбот.

Третман на спуштен мочен меур и генитални органи

Добрата вест е дека постои решение за оваа состојба. Најпрво, веднаш по дијагнозата, се прави индивидуална процена на состојбата, по што следува препорака за оперативна корекција соодветна на степенот на пролапс, возраста на пациентката како и нејзините очекувања. Овој зафат успешно го изведуваат искусните гинеколози при Клиничката болница „Жан Митрев“, а претставува златен стандард во третманот на спуштен мочен меур, вагина и матка. Истиот зафат обезбедува трајна корекција на сите елементи на пролапсот.

Тимот на Клиничката болница „Жан Митрев“ ви стои на располагање. Закажете го вашиот преглед или навремена консултација на 02/3091-484.

– 50% на гинеколошки пакет (преглед + ПАП)

При Клиничката болница „Жан Митрев“ на располагање ви се гинеколози со долгогодишно искуство, кои можат да ви пружат комплетни амбулaнтни и болнички услуги. Гинеколошки прегледи, следење бременост, супспецијалистички урогинеколошки прегледи, амбулантни интервенции, оперативни гинеколошки процедури, микроинвазивна гинеколошка и урогинеколошка хирургија се само дел од она што го нуди Клиниката. Искористете го попустот од 50% на гинеколошки пакет (преглед + ПАП).

 

*Комерцијален ПР текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот