Совети од Клиника „Жан Митрев“: Ракот на кожа е најчестиот тип рак во светот

Фото: Промо

Ракот на кожа е најчестиот тип рак во светот. Вообичаено е резултат на прекумерното, неправилно и незаштитено изложување на кожата на сончеви ултравиолетови зраци. UV-зраците продираат длабоко во кожата и со текот на времето ја оштетуваат. Канцерогените лезии е поверојатно да се појават на места изложени на сончеви (UVA,UVB) зраци, и тоа на лицето, вратот, грбот и екстремитетите. Најчесто се засегнати луѓето над 50-годишна возраст, но ракот може да се појави и на која било друга возраст.

Ракот на кожата е канцер што доколку е третиран соодветно има најголеми шанси за излекување, споредено со сите други типови рак. Но, за жал, свесноста на популацијата за можните симптоми е прилично ниска, што пак значи дека шансите за негово рано откривање и третирање се мали.

Ракот на кожа како заболување се однесува на неколку различни состојби на кожата со различни симптоми, начини на третирање и сериозност. Најчестиот тип е карцином на кожата, додека пак најагресивната – најопасната форма на рак на кожа е меланомот. Во секој случај, раното откривање е од витално значење, затоа превентивните прегледи се нешто што треба да се прави редовно.

Фото: Промо

FotoFinder е најсовремениот апарат што обезбедува врвна технологија, која вклучува вештачка интелигенција со чија помош веднаш се детектираат нови, изменети и сомнителни бенки или промени во кожата. Самиот преглед е безбеден бидејќи се случува на оддалеченост од пациентот на повеќе од 1,6 м што е особено важно во време на ковид-19.

Апаратот е достапен само во Клиничката болница „Жан Митрев“, која континуирано вложува/инвестира во најновата технологија, со цел да овозможи прецизна дијагноза и соодветен третман за своите пациенти.

Дерматолозите на Клиничката болница „Жан Митрев“ ве очекуваат да закажете превентивен преглед во термин што најмногу ви одговара на 02/3104-910.

*Комерцијална објава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот