Состојба на инфективните одделенија во Скопје и во земјава: Има 598 пациенти и околу 650 слободни кревети

Скопје, октомври 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 314 позитивен и суспектни пациенти со коронвирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство (МЗ) на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 34 пациенти, а во болницата во Штип – 27 пациенти.
На  инфективното одделение во Тетово има 16 пациенти, во Велес  – 25 болни, а во Куманово – 54 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 35 лица, во Прилеп – 35, во Гостивар – 19, а во Струга – 11 болни.
Во болницата во Струмица се хоспитализирани 26 пациенти, во Кочани – 1 во Кичево – 13, во Кавадарци – 20, во Гевгелија – 6 лица, а во Дебар – 11 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 598 и има околу 650 празни болнички кревети во ковид центрите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот