Состанокот на Комисијата за заразни болести за протоколите за наставата продолжува утре

Фото: Unsplash

Се уште сме во преговори. Крајното решение ќе го даде Министерството за образование и наука, рече д-р Стојанов.

Состанокот на Комисијата за заразни болести заедно со претставници на Министерството за образование и наука на кој се очекува да бидат финализирани протоколите за реализација на наставата од 1 септември, ќе продолжи утре. Ова за МИА го изјави епидемиологот Александар Стојанов, член на Комисијата и директор на Центарот за јавно здравје Скопје.

– Се уште сме во преговори. Крајното решение ќе го даде Министерството за образование и наука, рече д-р Стојанов.

Како што изјави во петокот министерот за образование и наука Арбер Адеми, има доволно време до 1 септември навреме да се организира почетокот на 2020/2021 година и сите училишта да се подготват за спроведување на протоколите за трите видови настава во зависност од епидемилошката состојба – со физичко присуство, онлајн-настава и комбинирана.

-Следна фаза е уште еднаш протоколите да се разгледаат во Комисијата и потоа на седница на Влада да се одлучи кој модел конкретно би се активирал за кои околности и во која епидемиолошка состојба, рече министерот Адеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот