Сопругата на Коби ги блокира фан страниците посветени на загинатиот кошаркар

EPA-EFE/JASON SZENES

Ванеса Брајант, сопругата на трагично загинатата НБА ѕвезда, Коби Брајант, викендов на фановите им се обрати преку емотивна порака во која објасни за промените кои ги направи на нејзиниот Инстаграм профил.

Фото: EPA/MIKE NELSON

Таа им се заблагодари на фановите на Коби на поддршката но истакна дека таа и нејзината најстара ќерка Наталија (17 години) мораат да ги блокираат фан страниците кои објавуваат фотографии на Џиана и Коби кои починаа во трагична хеликоптерска несреќа која се случи на 26. јануари.

„Наталија и јас моравме да ги блокираме фан страниците бидејќи навистина е тешко да „излезете“ на интернет и постојано да гледате фотографии на нашите сакани Џиџи и Коби под секој квадрат на нашите страници. Сите ве сакаме, но ве молиме да сфатите дека моравме да го направиме ова за да продолжиме со животот, а не да помислите дека не ве почитуваме“, напиша Ванеса Брајант.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот