Луѓе уживаат во сончевото време во парк во Стокхолм / 22 април 2020, Стохколм, Шведска / Фото: EPA-EFE/Henrik Montgomery SWEDEN OUT

Сончев пролетен ден

Сончево време со температура до 19 степени, предвидуваат метеоролозите за денеска. Според прогнозата, попладне ќе има услови за слаб локален дожд и ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.

Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи, најавуваат дека во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно време, до среда со повремени локални врнежи од дожд. Во среда и четврток ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од источен и североисточен правец. Дневната температурата ќе има тенденција на опаѓање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот