Софијанова: Децата кои прележаа ковид имаат дијабет и срцеви заболувања

Фото: Архива

Голем дел од децата, ковид вирусот го поминаа со лесни симптоми, без висока температура и кашлица, но кај нив се појавуваат пост-ковид компликации кои можат да бидат многу сериозни за нивното здравје. Драстично се зголеми бројот на деца кои заболуваат од дијабетес тип 1, објаснува директорката на Детската клиника, д-р Аспазија Софијанова.

– Пост ковидот ни предизвика многу енигми кои ги дебатиравме на стручните состаноци. Особена промена има во однос на работата на срцето, односно тахикардија. Исто така ковидот остава последици и на крвта, односно се појавија тешки анемии и намалено железо во крвта. Загрижувачки е порастот на детски дијабет и тоа регистриран кај пациенти со прележан ковид,  тоа е поради откочување на генетскиот механизам кој го направил вирусот, објаснува д-р Софијанова.

Таа нагласува дека несаканите пост ковид реакции можат да се избегнат со вакцинација.

– Сето ова се уште може да се избегне доколку се прими вакцина против ковид. Во светот се вакцинираат и деца  на возраст од 5 до 11 години, станува збор за помала доза за разлика од возрасните, а многу полесно се вградува антигенот кој го штити организмот. Сепак ние немаме стратегија за вакцинирање на децата од 5 до 11 години. Доколку има нов бран, ние како педијатриско здружение ќе настапиме со предлози во состав на протоколите кои ги прави Европската академија на педијатри, а истовремено и отворено преку вистински примери ќе зборуваме за опасноста од избегнување на вакцина со цел да ги охрабриме родителите да ги вакцинираат децата, додава Софијанова.

Според информациите, за само два месеца се соочиле со 42 деца кои имале сериозни пост ковид компликации, но освен двете деца кои имаа коморбидитети, ниту едно друго дете не починало само од ковид вирус во Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот