Софи Елис Бекстор откри: Ја загубила невиноста кога била силувана на 17-годишна возраст

софи елис бекстор
Фото: Принтскрин / Instagram

Софи Елис Бекстор објави во своите нови мемоари дека ја загубила невиноста на 17-годишна возраст кога била силувана од 29-годишен колега музичар.

Во мемоарите насловени „Чинии кои се вртат“, Софи Елис Бекстор открива дека инцидентот се случил во станот на гитарист кој тукушто го запознала, но иако не се согласила на чинот сметала дека нема случај со кој може да го обвини и тоа јавно да го категоризира како „силување“.

„Се слушнав себеси како викам „не“ и „не сакам“, но тоа не направи никаква разлика. Тој имаше секс со мене и јас се чувствував многу засрамено. Така ја загубив мојата невиност и се чувствував глупаво“, пишува Елис-Бекстор.

Таа вели дека се чувствувала нечисто и била многу несигурна во сопствените чувства, бидејќи немала други искуства со кои можела да го спореди она што се случило.

Во книгата која во серија започна да излегува овој викенд, пејачката опишува како го запознала музичарот, раскажувајќи како додека сеуште била ученичка ја поканил во неговиот стан да ги погледне неговите книги по историја.

Софи, која сега е на возраст од 42 години, конечно се осмели да ја разокрие тајната, бидејќи во 90-тите години јавната перцепција за актот на силување бил само доколку тоа се поврзе со агресија, а не и кога тоа не е со дозвола.

Книгата, вели пејачката, е многу лична, промовирајќи ја со видео снимено во бањата на нејзиниот дом кое го објави на нејзиниот инстаграм профил.

„Не може да стане полично од тоа“, додава Софи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот