Социјален експеримент во Скопје: Дали би украле пари од слеп човек? (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Познатиот и млад јутјубер Стефан Лазаров е повторно актуелен со неговото најново видео на неговиот Јутјуб канал.

Имено, Лазров повторно направи социјален експеримент. Овој пат глумеше дека е слеп човек во центарот на градот.

„Дали имате да ми раситните 200 денари, да ми дадете две по 100 денари?“ – ги прашуваше случајните минувачи.

Меѓутоа, наместо да им даде да му раситнат 200 денари, Лазаров од неговиот џеб вадеше 2.000 денари.

Како реагираа и кој се обиде да го прелаже бидејќи е „слепо“ момче, дознајте од видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот