Сочна, а крцкава: Домашна рол баклава! (РЕЦЕПТ)

Највкусните колачи понекогаш е наједноставно да ги направите. Таква е и оваа рол баклава.

Состојки: 500 гр тенки кори, 100 грама мелени ореви, 100 грама мелени бисквити, 3 лажици гриз, 100 грама суво грозје, 1 лажица прав шеќер, 100 мл млака вода, 100 мл масло.

Шербет: 400 грама шеќер, 2 кесички ванилин шеќер, 1 лимон, сок од 1 портокал, 300 мл вода.

Подготовка: Сите суви состојки измешајте ги (ореви, бисквити, гриз, суво грозје, шеќер) па додадете масло и млака вода. Првата кора премачкајте ја со масло со четкичка по целата површина, додадете ја другата и неа премачкајте ја, додадете ја третата и неа премачкајте ја, па по ширина ставете на дното околу 3 лажици фил и изедначете го по должина. Завиткајте во ролничка. Редете во подмачкан плех. Така направете со сите кори. Исецкајте ја баклавата со остар нож на ролнички и премачкајте убаво со масло. Печете на 200 степени околу 30 минути.

Во сад на оган сипете шеќер, додадете вода, кругчиња лимон и сок од еден портокал. Варете за малку да се згусне, па прелијте преку испечената баклава.

Оставете да отстои, за баклавите да го упијат шербетот. Уживајте!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот