Собранието ја разреши техничката министерка Рашела Мизрахи

По повеќечасовна расправа, Собранието со 62 гласа „за“ и 26 гласа „против“ ја разреши техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.

Разрешувањето на министерката следуваше откако техничкиот премиер Оливер Спасовски до Собранието достави предлог за разрешување, поради тоа што министерката неколку пати одржа прес-конференција во министерството пред табла со името Република Македонија.

Според Спасовски, министерката го прекршила Уставот и така ги загрозила европските интеграции на Македонија, а Мизрахи рече дека таблата во Министерството ја затекнала кога ја преземала функцијата од поранешната министерка Мила Царовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот