Фото: Фејсбук

Собранието го верификува мандатот на Зеќирија Таири

Собранието со 78 гласа „за“ го верификуваше мандатот на Зеќирија Таири од Вреди кој доаѓа на местото на Беким Сали кој стана прв вицепремиер и министер за европски прашања.

По локланите избори откако поранешниот прв вицепремиер Изет Меџити стана градоначалник на Чаир, Сали од законодавната премина во извршната власт на местото на Меџити.

Промена во Владата имаше и на функцијата министер за животна средина, на која претходно беше Меџити. Нов министер за животна средина стана Мухамед Хоџа од партијата на Меџити, додека Сали стана нов министер за европски прашања на местото на Орхан Муртезани, кој пак, беше именуван за советник на премиерот Христијан Мицксоки.

Новиот пратеник Таири доаѓа од листата на владејачката коалиција Вреди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот