Со законските измени отпаднаа велосипедските патеки кај „Довлеџик“ во Битола

Фото: Слободен печат, Васка М. Младеновска

Работните активности за изградба на новиот мост кај „Довлеџик“, кои се реализираат со средства од ТАВ програмата се во завршна фаза и се очекува да финишираат во текот на идниот месец.

Од Битолската локална самоуправа денеска информираа дека затекнале проект кој бил невозможно да се реализира на начин како што бил изработен, поради што неопходни биле дополнителни измени и усогласувања.

– Општина Битола, минатата година ја заврши реконструкцијата на коловозот на улица „Довлеџик“, во должина од 470 метри, а за да нема застој во сообраќајот беше изграден времен премин во функција на изведба на мостот на реката Драгор. Проектната документација, изготвена за време на претходната локална самоуправа, не беше ревидирана согласно законските измени, така што, велосипедските патеки на улицата „Довлеџик“, предвидени во тој проект, остануваат само на хартија, затоа што согласно Правилникот за урбанистичко планирање и проектирање од септември 2020 година, улицата „Довлеџик“, како магистрална улица, не може да има велопатеки, бидејќи истите, не може да бидат на коловозот, туку во посебни одвоени патеки-информираше градоначалникот на Битола, Тони Коњановски при денешниот увид на активностите во делот на инфраструктурата.

Според него, оваа измена, не била земена предвид од страна на претходното општинско раководство, а во моментот проектот се реализира согласно важечките законски прописи, според кои Општината Битола ја изготви и проектната документација за изградба на велосипедски патеки на улиците „Партизанска“ и „Васко Карангелевски“, појасни градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот